Почетна / Црна хроника / Полициски нотес

Полициски нотес

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (21/22/23/24.08) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 69 прекршоци.

 

На 23.08.2020 во 13.04 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 12.50 часот во угостителски објект во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на Н.О.(54) над Б.З.(64), двајцата од Штип. По комплетирање на случајот против Н.О. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.08.2020 во периодот од 23.00 часот до 05.00 часот на 23.08.2020, од страна на полициски службеници од Полицските станици Штип, Кочани и Пробиштип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Алкотестирани биле вкупно 56 возачи, при што кај три возачи, од кои двајца од Штип и еден од Кочани било утврдено присуство на алкохол. Сите три возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им се записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 27 останати прекршоци.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *