Почетна / Црна хроника / Полициски нотес

Полициски нотес

Во текот на изминатиот викенд според статистиката на МВР за периодот (24/25/26/27.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 27 лица, од нив 8 малолетни, а на едно лице земени му се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатиот период на 11 лица им се издадени решенија за изолација, 27 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 169 контроли кај лица во изолација и 456 кај лица во самоизолација.

 

 

На 26.04.2020 во 03.00 во Полициската станица Кочани било пријавено дека на тераса од стан на ул.,,Маршал Тито“ во Кочани, сопственост на М.Ѓ.(36), настанал пожар, при што биле оштетени настрешница на тераса од стан, сопственост на О.Е.(46) и патничко возило „тојота“, сопственост на Н.С.(45). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *