Почетна / Црна хроника / Полициски бележник.

Полициски бележник.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (01/02.02.2021) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 45 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 20 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 363 лица со вакви решенија.

 

На 01.02.2021 во 19.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, А.Н.(52) бил физички нападнат од Г.Ј., двајцата од Штип. Според пријавеното, А.Џ. се обидел да го спречи физичкиот напад, но и тој бил нападнат од Г.Ј.. Се работи на расчистување на случајот, по што против Г.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од Берово, поради постоење онови на сомнение дека сторила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г од Кривичниот законик.

Пријавената на 11.01.2021 по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавила ксенофобичен материјал, со кој поттикнала омраза, дискриминација или насилство.

 

Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Б.С.(39) од Берово, поради постоење онови на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г, ст. од Кривичниот законик.

Пријавениот на 11.01.2021 по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар на пост на фејсбук профилот на В.Н.(32) од Берово, со кој поттикнал омраза, дискриминација или насилство.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *