Почетна / Свет / Поплави, крокодили, змии во Австралија

Поплави, крокодили, змии во Австралија

После пеколните температури, делови на Австралија се погодени од катастрофални поплави. На североистокот на земјата повеќе од 20.000 луѓе се присилени на евакуација поради закани од поплава. Поради наглото растење на реката на улиците се забележани крокодили и змии, пренесува CNN.

Прогнозите не се добри, имено метеоролозите најавуваат уште дожд во наредните денови. Градот Таунсвил во Квинсленд е речиси комплетно потопен. Жителите останале без струја, а многумина биле присилени да се сокријат од поплавите на крововите од куќите.

“Реката Рос ќе продолжи да расте сè до понеделник навечер. Се очекуваат уште поплави во Таунсвил, многу улици ќе бидат под вода”, предупредуваат метеоролозите.

Ситуацијата стана особено драматична во саботата. “Ова се случува еднаш во сто години”, рекла премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашжук.

Во текот на денешниот ден се очекуваат уште пообилни врнежи од дожд. Стотина домови во Таунсвил веќе се евакуирани, но поплавите им се закануваат на уште 20.000 домови.

Доколку немате потреба, не излегувајте надвор на улица”, предупредуваат дежурните служби.

За ситуацијата да биде уште полоша, граѓаните јавуваат дека на улиците се појавиле крокодили и змии.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственик на златарница ги уби ограбувачите.

Двајца разбојници се убиени во обид за ограбување на златарница во селото Гринзане Кавур во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *