Радио Штип
Свет

Попови држат во заточеништво калуѓерки и сексуални ги злоупотребуваат

Папата Фрањо призна дека свештеници сексуално злоупотребувале калуѓерки, а во еден случај ги држеле и како сексуални робинки. Тој откри дека неговиот претходник, папата Бенедикт, од таа причина дури затворил цела една конгрегација на калуѓерки.

Се верува дека ова е првпат еден папа да призна постоење на вакви случаи во рамките на Католичката црква.

„Црквата се обидува да се справи со овој проблем, но тоа и натаму се случува“, изјави папата Фрањо.

Во ноември, глобалната организација на католички калуѓерки ја осуди политиката на молк и тајност, која им забранува јавно да зборуваат.

„Црквата си има проблем, а коренот на проблемот лежи во тоа што на жените се гледа како на луѓе од втора класа. Свештеници и бискупи имаат злоупотребувано калуѓерки. Црквата е свесна за скандалот и работи на него и голем број свештени лица веќе се суспендирани“, кажа тој по првата посета на еден папа на Арапскиот Полуостров.

Папата Бенедикт во 2005 година ја распушти женската конгрегација Заедница на Сен Жан во Франција.

Слични Новости

Толку многу пушел што државата му ги зела децата

trajce jovanov

Може марихуана за медицински потреби

trajce jovanov

На деколтето му се закануваат со силување

trajce jovanov

Leave a Comment