Почетна / Македонија / Поранешен сопруг, ја тепал поранешната сопруга

Поранешен сопруг, ја тепал поранешната сопруга

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (28/29.07.2020 ) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци.

 

На 28.07.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 13.00 часот настанал пожар во стара напуштена куќа на ул.,,Сремска“ во с.Облешево, сопственост на С.Р.(45) од с.Облешево. Во пожарот целосно изгорела кровната конструкција од куќата. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

 

На 28.07.2020 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани, 50-годишна жена од кочанско село пријавила дека на 27.07.2020 околу 14.30 часот во куќа во Зрновци, кочанско, била физички нападната од страна на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер. Се работи на комплетирање на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

 

На 29.07.2020 во 04.30 часот во Полициската станица Кочани, С.Ј.(68) од  Кочани пријавил дека во текот на ноќта 28/29.07.2020 од страна на непознат сторител од дворното место на неговата семејна куќа на ул.„Пере Тошев“ во Кочани, му било одземено патничко возило „мерцедес МЛ 320 ЦДИ“, со кочански регистарски ознаки. Се работи на расчистување на случајот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симулација-вакцинација

Клиничката болница од Штип, како носител на масовната вакцинација на населението од Источна Македонија во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *