Почетна / Бизнис / Потрошувачите се жалат, апаратите траат колку и рокот за гаранција

Потрошувачите се жалат, апаратите траат колку и рокот за гаранција

Техничките производи, белата техника и производите во домот, се меѓу најзастапените производи за кои се жалaт потрошувачите. Податоците на Организацијата на потрошувачи на Македонија покажуваат дека кај техничките производи најактуелни меѓу оштетените потрошувачи биле мобилните телефони и телевизорите, кај белата техника, најмногу се жалеле на машините за перење, инвертерите и фрижидерите.Како најзастапен производ во домот, на што се пожалиле граѓаните, во текот на минатата година, а за кој се поднесени најголем број поплаки е издвоен и мебелот.Од категоријата општо во која потрошувачите ги пријавуваат проблемите со попустите,недоставените производи, барањето на информација и слично, најголем број поплаки се однесувале
на категоријата „недоставен производ”, односно се работи за ситуации кога на потрошувачите не им бил доставен нарачан и платен производ на време.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симулација-вакцинација

Клиничката болница од Штип, како носител на масовната вакцинација на населението од Источна Македонија во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *