Почетна / Свет / Почина Жак Ширак
FILE PHOTO: French President Jacques Chirac poses following a national television address from the Elysee Palace in Paris, France, March 11, 2007. Picture taken March 11, 2007. REUTERS/Philippe Wojazer/File Photo

Почина Жак Ширак

На 86 годишна возраст почина поранешниот француски претседател,  Жак Ширак.

Тој ја извршуваше функцијата во два мандати и во негово владеење Франција премина на заедничката европска валута, но по повлекувањето од политиката се соочи со обвинувања за корупција.

Ширак политички се ангажираше во 1950-ите години како член на Комунистичката партија на Франција, но вистински прогрес направи откако во 1962 година беше именуван за шеф на кабинетот на премиерот Жорж Помпиду. Тогаш поради своите способности се здоби со прекарот Булдожер. Првата висока функција му беше министер за земјоделство, а на 41 година стана премиер.

Од 1977 до 1995 година, Ширак беше градоначалник на Париз, а потоа го почна својот прв претседателски мандат и на оваа функција беше до 2007 година. Една од неговите најголеми политички реформи е намалувањето на претседателскиот мандат од седум на пет години.

Ширак беше против американската инвазија на Ирак во 2003 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел му оддаде почит на поранешниот француски претседател Жак Ширак како „голем државник и Европеец“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *