Почетна / Бизнис / По нешто добро да бидеме први во регионот

По нешто добро да бидеме први во регионот

Северна Македонија е рангирана на 33-то место во светот според индексот на економски слободи за 2019, што го изработи фондацијата „Херитиџ“.

Со резултат 71,1 Северна Македонија е најдобро позиционирана во регионот. Зад неа е Бугарија на 37. место, Косово е 51., Албанија на 52., Србија 69., БиХ 83., Хрватска 86., Црна Гора 92., а Грција на 106. место.

Според „Херитиџ“, земјата и натаму е макроекономски стабилна, но нејзините економски перформанси се загрозени од внатрешната политичка криза. Владата донесе некои антикорупциски мерки, но и натаму е присутно политичкото мешање, непотизмот, и одолговлекувањето на судските процеси.Според извештајот на „Херитиџ“, најголеми економски слободи во светот има во Хонгконг, Сингапур и Нов Зеланд, а најмали во Куба, Венецуела и Северна Кореја.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *