Почетна / Занимливости / По 35 -ти пат стартува “Штипско културно лето“

По 35 -ти пат стартува “Штипско културно лето“

Општина Штип и Дом на млади се организатори на годинашново 35 издание на една од најстарите летни манифестации од културата и уметноста во Македонија “Штипско културно лето“.Во дом на млади се одржа прес конференција.За значењето на манифестацијата говореше Кирил Панајотов советник за дејности од јавен карактер во општина Штип  и Горан Трајков директор на Дом на млади.Панајатов кажа деа со цел да не се прекине една долгогодишна традиција општината одлучила да се организира “летото“, нормално со протоколите за заштита од Ковид 19 кои ги пропиша државава.Трајков кажа дека летото започнува на 9-ти јули со активирањето на летната виртуелна школа за модерни танци.Во рамките на летото ќе бидат изведени неколку тетарски претстави, промоции на книги и автори, ликовни изложби, како и повеќе концерти.Влезниците не се наплаќаат но граѓаните на фејсбук профилот на дом на млади мора да резервираат позиција, бидејќи повеќе од 100 лица не треба да бидат во летната сцена во Дом на млади.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христос Воскресна-Навистина воскресна.Честит 1-ви мај!

РЕДАКЦИЈАТА НА РАДИО ШТИП, НА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ-ЧИТАТЕЛИ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *