Почетна / Инфо / Предупредување за празникот од СВР Штип

Предупредување за празникот од СВР Штип

По повод 2-ри Август – Националниот празник на Република Северна Македонија, Секторот за внатрешни работи Штип на граѓаните од општините на подрачјето на СВР – Штип, им го честита празникот, а имајќи во предвид дека празникот оваа година е поврзан со викенд деновите и дека е сезона на годишни одмори, се очекува масовно напуштање на домовите и раздвиженост на возила особено према туристичките места. Во врска со тоа апелираме до сите граѓани пред да ги напуштат своите домови да ги превземат сите неопходни мерки за заштита на истите од кражби, како што се: заклучување на влезните врати, вратите од терасите, балконите, гаражите и подрумите, затварање на сите прозорци, внесување на сите вредни работи од дворот и заклучување во соодветна просторија.

 

Како учесници во патниот сообраќај укажуваме на крајно внимателно однесување, при што апелираме до сите возачи, да не вршат неправилно и непрописно престигнување особено на колони возила и на непрегледни места, а брзината на движење да ја приспособат според условите и состојбата на патот, со цел нивна безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.

 

Имајќи ги во предвид високите температури и опасноста од појава на пожари,  предупредуваме да не се фрлаат отпушоци од цигари и на крајна внимателност при палење на оган на отворен простор, поради опасноста од предизвикување на пожари, а сопствениците на куќи и станови да превземат мерки на безбедност за заштита од пожари со исклучување на електричните апарати за домакинство.

 

Исто така апелираме до сите граѓани да преземаат превентивни мерки и активности во врска спречување на ширење на коронавирусот Ковид 19 и почитување на одлуките донесени од владата со цел заштита и превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19 посебно во делот на одржување на потребното растојание, носење на заштита на лицето и секое непочитување на истите соодветно ќе биде санкционирано.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *