Почетна / Бизнис / Преку банкарски трансакции , испаруваат пари.

Преку банкарски трансакции , испаруваат пари.

Банките во 2018 пријавиле 152 сомнителни трансакции во Македонија во Управата за финансиско разузнавање, но за дискутабилни уплаќања на сметки заради перење пари  алармирале и нотарите во 22 ситуации, давателите на брзи кредити во 19 наврати и едно друштво за управување на инвестициски фондови

Ништо сомнително не забележале Македонска пошта, штедилниците, менувачниците, приредувачите на игри на среќа, осигурителните компании, брокерските куќи, пензиските фондови, ревизорите, сметководителите и адвокатските друштва, депозитарот, заложувалниците, финансиските друштва.

Управата за финансиско разузнавање направила шест проверки за потребите на Специјалното јавно обвинителство лани, при што во еден случај била утврдена активност на перење пари, додека во другите пет случаи немало таков наод но се испоставило дека се сторени други кривични дела. Околу 200-тини извештаи за перење пари и можно финансирање на тероризам, како и известувања за други кривични дела кои произегле од сомнителните трансакции се доставувани за МВР, Управата за финансиска полиција, Јавното обвинителство, УЈП, Агенцијата за разузнавање и на органите на други земји. Имало 42 иницијативи за проверка на одредени сомнителни трансакции од страна на МВР, Комисијата за хартии од вредност, Јавното обвинителство, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција.

На барање на управата, јавните обвинители замрзнале сметки од 3,6 милиони евра, 19,2 милиони денари и 127 илјади долари во три поединечни случаи. Во извештајот за минатата година, кога станува збор за трансакции во странство, се споменува и онаа блокираната во Монако од 8,2 милиони евра по аферата со купувањето на концесијата за хемодијализа.

Управата во 2018 барања за информации за сомнителни сметки побарала по седум пати од Турција и Швајцарија, шест пати од Русија, по пет од Германија и Девствените Острови, како и во четири случаи од Кипар. Вкупно се 78 барања од 37 земји.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *