Почетна / Занимливости / Премиера:“Зимска бајка“ од Шекспир во Народниот театар Штип

Премиера:“Зимска бајка“ од Шекспир во Народниот театар Штип

Народниот театар од Штип на 21-ви мај ќе ја има првата премиера од буџетските средства за оваа година.Во вторник премиерно ќе биде изведена претставата  со работен наслов “Зимска прикаска“ од Вилијам Шекспир, во режија на Љупчо Георгиевски.Во претставата играат Пеце Ристевски, Владимир тулиев, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини, Мирко Гоголеов и Леон Ангелов. Сценографијата ја направи Валентин Светозарев, автор на музиката е Марјан Неќак, а косимите ги креираше Андреј Георгиевски.Премиерата ќе се игра на сцената на Народниот театар Штип на 21-ви мај со почеток од 20 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *