Почетна / Занимливости / Премиера на “Зимска прикаска“ во Народниот театар

Премиера на “Зимска прикаска“ во Народниот театар

Народниот театар од Штип на 21-ви мај ќе ја има првата премиера од буџетските средства за оваа година.Тоа беше повод за одржување на традионалната прес конференција.На неа говореа решисерот Лупчо Георгиевски и актери учесници во оваа претставата.Режисерот Георгиевски вели дека ова е праизведба на овој текст од Шекспир, што значи првпат се поставуа на матична сцена. Инаку овој текст беше игран во Македонија, на “Охридско лето“ и на шекспир фест во Битола, откаде е Георгиевски. Во претставата играат Пеце Ристевски, Владимир тулиев, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини, Мирко Гоголеов и Леон Ангелов. Сценографијата ја направи Валентин Светозарев, автор на музиката е Марјан Неќак, а косимите ги креираше Андреј Георгиевски.Премиерата ќе се игра на сцената на Народниот театар Штип на 21-ви мај со почеток од 20 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *