Почетна / Избор на Уредникот / Професор Стојко Стојков од УГД говореше во Бугарија за македонското малцинство

Професор Стојко Стојков од УГД говореше во Бугарија за македонското малцинство

На Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, беше одржана тркалезна маса со учество на правозаштитни организации и државни институции на тема „No-hate-BG: заедно во заштита на малцинствата и во превенцијата на престапите од омраза“.Конференцијата е организирана од Хелсиншки комитет во Бугарија и Општина Благоевград, а финансирана од Европската комисија. Освен различни организации специјализирани во областа на правата на човекот учествуваа обвинителството, судот, полицијата, општинската и обласната администрација, како и универзитетски професори.За првпат по повеќе од 60 години на таков официјален форум во Бугарија беше претставено и македонското малцинство преку Стојко Стојков, вонреден професор на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, роден во гр. Сандански, Пиринска Македонија. Тој настапи со тема посветена на македонското малцинство и неговото третирање во Република Бугарија во првиот панел под општ наслов „Малцинствата во Бугарија – лесни за омраза. Меѓу предрасудите и интеграцијата“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *