Почетна / Спорт / Развод на деценијата.Роналдо го напушта Јувентус

Развод на деценијата.Роналдо го напушта Јувентус

Весникот „Ла република” најави разводпомеѓу Кристијано Роналдо и Јувентус, ЦР7 нема во целост да го одработи договорот и може да замине по крајот на слендата сезона.

Елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите може да има големи последици врз Јувентус. Акциите на клубот имаа драстичен пад вчера, а цената продолжи да се намалува и денеска иако не со толку високо темпо. Медиумите од Италија исто така пресметаа дека Јувентус останал покус за 13 милиони евра, како и уште неколку десетици милиони евра во потенцијални приходи.

Според „Ла Република“ поразот може да влијае и врз иднината на најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо. Весникот пишува дека ЦР7 е разочаран од случувањата и веќе размислува за крај на својата авантура во Торино. Разводот нема да се случи летоска, но големи се шансите тој да каже збогум во 2020.

И „Газета дело Спорт“ пишува за горчината која ја почуствувал Роналдо по елиминацијата, манифестирана преку молк. Тој не разговараше со медиумите, а не е активен ниту на социјалните мрежи.

Розевиот весник исто така додава дека Португалецот побарал од лидерите на клубот да донесат соодветни засилувања за да се подигне нивото и следната сезона да се направи нов атак на титулата во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо пристигна во Торино минатото лето за рекордни 112 милиони евра и најголемата зделка во историјата на Калчото. Тој стави потпис на договор со Јувентус до 2022.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *