Почетна / Спорт / Ракомет:Скандинавско финале

Ракомет:Скандинавско финале

Данска ќе ја брани светската титула, во недела, против Шведска. Данците, во второто полу-финале, на 27:Светско првенство, ја победија Шпанија со 35:33.

Актуелните светски и олимписки шампиони заслужија да играат во финалето, водеа во текот на целиот меч, иако во последните пет минути со сопствените грешки ги вратија Шпанците во живот.

Данска на стартот стекна предност од два гола, а по 18 минути игра имаа четири гола повеќе од противникот. До 45.минута, Данска ги држеше ривалите на дистанца од два до четири гола. Шпанците во 48 минта се доближија на гол негатива, но Данците го одбија тој налет и повторно ја вратија предноста од четири гола.

Драмата започна во последните пет минути кога Данците со серија грешки ја врати Шпанија во мечот. Европските шампиони се доближија на гол негатива, а при резултат 34:33, на 20 секунди до крајот Марчан ја погоди гредата. Тчка на мечот стави Сван Хансен.

Брилијантниот Микел Хансен со 12 гола ја предводеше Данска, седум гола постигна пикерот Јенсен.

Кај Шпанија блескаше помладиот од браќата Душебаев, Даниел, кој постигна седум гола, еден повеќе од Фигерас.

Данска во финалето ќе игра против Шведска (недела 17.30 часот), додека три часа претходно Франција и Шпанија ќе се борат за бронзениот медал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *