Почетна / Избор на Уредникот / Регионални центри против Ковид 19

Регионални центри против Ковид 19

Во 16 општини ширум земјава ќе се формираат регионални Ковид-центри, односно, во градови каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, информираат од Министерството за здравство (МЗ), додавајќи дека градоначалниците на 16 општини го поддржале предлогот на МЗ и на Комисијата за заразни болести. Ваквите активности, како што посочуваат од МЗ, се одвиваат во рамките на подготовките на здравствените систем за есенскиот бран на коронавирусот, а целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на ковид 19, без да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.„Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид центри“, информираат од МЗ.Градоначалниците на општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп по иницијатива на МЗ и поддршка на Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС) одржале работен состанок, ја изразиле својата подготвеност и се согласиле да ги стават сите капацитети на располагање кои се во нивна ингеренција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *