Почетна / Занимливости / Ретко се издаваат, и уште поретко се читаат книги

Ретко се издаваат, и уште поретко се читаат книги

Книгите се сериозен бизнис, но не и во Македонија. Кај нас едвај опстојуваат неколку посериозни издавачки куќи кои работат скромно. Во светски рамки големите имиња од овој сектор вртат милијарди.

Во земјава во просек се издаваат по два нови наслови на ден што е многу помалку дури и споредено со регионот. Издавачите велат дека проблемот има повеќе димензии – малиот пазар  уште помалата побарувачка, и хиперпродукција на неквалитет. Во Македонија во просек годишно излегуваат по нешто над 900 наслови.

Најпопуларна е белетристиката, речиси една половина од сите книги кои се печатат или по околу 400 наслови отпаѓаат на романите, новелите, збирките раскази. Следат учебниците и учебните помагала со по околу 200 наслови. Светските бестселери се најбарани и кај нас, домашните дела ретко носат добра заработка иако се многу поевтини за печатење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *