Почетна / Спорт / Ристо Вуков, ќе вози на“Порше“.

Ристо Вуков, ќе вози на“Порше“.

Еден од најдобрите млади македонски автомобилисти, Ристо Вуков со пол-позиција ја отвори новата сезона на кружни патеки во рамки на отворениот шампионат кој се возеше во соседна Србија. Вуков денес на квалификациите возени на стазата Берановац во Краљево постави најдобро време со што дојде до пол-позицијата во категорија Југо до 1150 хибрид.Нашиот Вуков беше единствен Македонец во категорија на 19 натпреварувачи во својата категорија, но едноставно беше недофатлив за конкуренцијата. Воедно Вуков е и актуелен бранител на титулата во оваа конкруенција со оглед на тоа што минатата сезона го освои шампионатот. Воедно за Вуков ова е загревање за она главното што следи. Тој сезонава потпиша и ќе вози во Порше карера Купот, а првата трка на програмата е во Италија, закажана за 19 јули.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *