Почетна / Свет / Сад да се извинат за бомбардирањето на СР Југославија

Сад да се извинат за бомбардирањето на СР Југославија

САД мора да се извинат за бомбардирањето на поранешна Југославија во 1999 година и да им исплатат компензација на роднините на убиените и повредените во воздушните напади на НАТО, поддржани од САД, изјави во неделата портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„За почеток, САД треба да им се извинат на оние што ги бомбардираа, да им исплатат обештетување на роднините на загинатите, како и на ранетите и на оние чие здравје е оштетено, поради проектилите со осиромашен ураниум. И дури кога ќе го сторат тоа, кога ќе се постават соодветните темели, може да ги повикаат другите да одат напред“, напиша таа на „Фејсбук“ коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во заминување во Србија, Кајл Скот, кој рече дека Србите треба да ги гледаат бомбардирањата на НАТО во 1999 година од поширока перспектива.

На 24 март 1999 година НАТО почна воена операција против Сојузна Република Југославија за која тврдеше дека е наводно за спречување геноцид на албанското население во Косово. НАТО соопшти дека за време на 78-дневната операција нивните авиони извршиле 10.000 бомбашки напади.

Воени експерти откриле дека алијансата лансирала 3.000 крстосувачки ракети и исфрлила 80.000 бомби, вклучително и кластер-бомби и бомби со збогатен ураниум. Според српските експерти, НАТО во текот на тримесечните бомбашки напади испуштил 15 тони осиромашен ураниум и ја направи земјата број еден во однос на случаите на карцином. Речиси 30.000 нови случаи на рак се регистрирани во првите 10 години по бомбардирањата со стапка на смртност од 10.000 на 18.000 пациенти.

Материјалната штета достигна 100 милијарди американски долари.

Според Љубиша Ракиќ, српски научник и член на српската, руската, евроазиската, европската и други академии, количината ниско збогатен ураниум исфрлен од НАТО на Балканот е доволна за да се направат 170 А-бомби како онаа што САД ја фрлија на Хирошима.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *