Почетна / Македонија / Сакал да ја “извози“ испитната комисија за 100 евра

Сакал да ја “извози“ испитната комисија за 100 евра

На 29.07.2020 на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода И.Д.(44) од Кочани, затоа што во 12.30 часот, пред закажан термин за полагање на возачки испит, на службените лица за полагање на возачки испит при Сообраќаен испитен центар од Штип им дал една банкнота во апоени од 100 евра, барајќи од нив да му овозможат да го положи возачкиот испит. Службените лица го пријавиле случајот, по што бил извршен увид од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани и по комплетирање на случајот против И.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симулација-вакцинација

Клиничката болница од Штип, како носител на масовната вакцинација на населението од Источна Македонија во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *