Почетна / Избор на Уредникот / Салиери од Македонија.

Салиери од Македонија.

Не, дека Салиери не бил добар композитор, бил и затоа бил капелник на кралскиот двор во Австрија , и нормално раководел со операта како институција.Се појавило едно чудо наречено Моцарт, па ги изместило уштирканите стандарди за музика.Да можел Салиери , ќе ја забранел моцартовата музика.Му било срам, му било незгодно од кралот, му било навистина незгодно затоа што музичарите ќе го окарактеризирале како мразач на неговата најсериозна конкуренција.

Која е врската на Салиери со Македонија.Салиери се учените од комисијата за здравство.За нив музиката е главниот виновник за шиерењето на ковид пандемијата.Затоа ја укинаа музичката уметност и око не им трепна.Како тоа музиката го шири вирусот Ковид 19.Дали фрекфенциите на нотите, го потикнуваат вирусот, дали трепетот од виолината креира корона.Дали…Уште полошо препораката од Салиери од Македонија ја прифатиле македонските императори и јавно ја објавија.Не , не е срамно, тоа е трагично.Во Македонија се забранува музиката.Што ли ќе биде ако се домислат и речат, нема поезија, нема сликарство, нема театар ( додуша и навистина го нема), нема филм.

Останавме без музика, единствена земја во свет која ја забрани музиката . Салиери од Македонија  и тие до него, се обидуваат преку неверојатно глупи решенија  да си ги покријат слабостите.Ако мислеле на свадбите, тие бездруго се забранети.Ако мислеле дека се правеле со музика крштевки, матурски и други веселби, не е виновна музиката, туку организаторите, т.е. човекот индивидуата, виновна е недисциплината.Виновни се тие што не презедоа мерки тоа да се спречи.Кај ли само им текна да ја забранат музиката, односно музичките настани.Па во екот на епидемијата се организираа музички настани , со виртуелен пристап, па никој не излезе заразен.

Ех Салиери, повторно си ги огрничуваш сопствените хоризонти.Можеш уште веднаш да донесеш уредба да престанеш да дишеш.А, како виден човек и на погребот ќе ти свири музика.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *