Радио Штип
Спорт

Сараево пред 35 години

Денешниот ден засекогаш ќе остане во сеќавање на постарите генерации од балканските простори поради спектакуларното отворање на Олимписките игри во Сараево.

Во тој момент Југославија беше во центарот на вниманието на спортската јавност. За првпат ЗОИ беа одржани во социјалистичка земја, а главниот град на БиХ доби предност пред јапонски Сапоро и шведски Гетеборг и тоа со убедливи 36 добиени гласови од вкупно 39.

Покрај носталгијата, ЗОИ во Сараево се паметат и по неколку историски резултати. Легендарниот Јуре Франко стана првиот алпски скијач од овие простори кој се закити со олимписки медал. Сенегалецот Ламине Геј стана првиот скијач од Африка со настап на овој голем настан.

Олимпискиот оган го запали хрватската натпреварувачка во уметничко лизгање Санда Дубравчиќ, а маскота беше познатиот „Вучко“, кој до денес е симбол на Сараево.

Игрите се одржаа во периодот од 8 до 19 февруари, а за организација на истите беа вложени огромни средства за изградба на инфраструктура. Учество зедоа 1.272 спортисти од 49 различни земји, а случувањата ги известуваа над 4.500 новинари. Сегашната состојба на градбите наменети за ЗОИ е тажна и ја отсликува суровата судбина со која што се соочуваше босанскиот народ во 90-те години. Војната си го направи своето и предизвика катастрофална слика од местата кои се уште будат носталгични сеќавања кај спортските фанови.

Слични Новости

20 медалји за борачите на Балканец

trajce jovanov

Чеферин ги држи дизгините на фудбалот

trajce jovanov

Четири пехари за штипските спортски качувачи

trajce jovanov

Leave a Comment