Почетна / Бизнис / “Свињетина“ со нови цени

“Свињетина“ со нови цени

Ефтим Шаклев од Групацијата производителите вели дека  македонските граѓани претстојните празниц и да ги поминат релаксирано и со богата трпеза. Цената не ја зголемуваат и покрај тоа што во соседните земји и во земјите на ЕУ порасна за минимум 30 отсто.

-Зголемувањето на цената на европскиот пазар за минимум 30 отсто се должи на големата побарувачка на свинско месо од Кина. Штом има побарувачка, расте и цената, изјави Шаклев.(Демек кога има побарувачка, има повисока цена, а кога нема побарувачка, има повисоко кукање по повисоки цени, што е класична непазарна логика).

Тој засега не открива дали по празниците ќе има поскапување, само вели дека договори ќе има.

Производителите остануваат на барањето за декларацијата на месото во угостителските објекти и продавниците, а своите решенија заедно со Организација на потрошувачи ќе ги презентираат по претседателските избори. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *