Почетна / Избор на Уредникот / СВР казни 40 мотоциклисти

СВР казни 40 мотоциклисти

СВР Штип на   29.07.2020 во периодот од 20.00 часот до 02.00 часот на 30.07.2020 спроведе засилена акциска контрола на возачи на мотоцикли. Од извршената контрола откриени се вкупно 40 прекршоци од кои: 6 управувале без возачка дозвола, 5 биле со измината важност на регистрацијата, 2 со измината важност на осигурителната полиса, 22 за неносење на кацига и 5 останати прекршоци. За сите прекршоци сторени од страна на возачите на мотоцикли изречени се соодветни санкции. Eвидентирани се и 15 други сообраќајни прекршоци и за нив се изречени соодветни санкции.

СВР апелира до сите возачи на мотоцикли да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *