Почетна / Инфо / СДСМ Штип мисли на рамномерен развој на општината.

СДСМ Штип мисли на рамномерен развој на општината.

Во населбата Караорман се одвиваат градежни активности коишто опфаќаат асфалтирање на улиците. Во моментов се работи на земјени работи и тампонирање, а потоа ќе се пристапи и со поставување асфалт.На површина од 3700 метри квадратни ќе се постави нов асфалтен слој и жителите на населба Караорман ќе имаат непречен пристап до своите домови. Само со оваа инвестиција во Караорман се вложуваат 80.000 евра, од кои излобиравме 50.000 евра од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, а останатите 30.000 евра се од Општина Штип. Се бориме и работиме за Штип!Жителите на Караорман конечно ги добиваат услугата и вниманието кои ги заслужуваат од власта предводена од СДСМ. Имено, оваа локална власт предводена од СДСМ во Караорман вложува многу. Пред некое време беа тампонирани други улици, а во долниот дел на Караорман беше поплочена со бехатон улица со површина од 500 метри квадратни.Жителите на Караорман многу години беа заборавени од властите предводени на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа сега се менува. Овие ставови на прес конференција денеска ги искажа Марија Костова  претседател на Унијата на жени во СДСМ – Штип

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *