Почетна / Занимливости / Секс рецесија

Секс рецесија

Намалената сексуална активност на генерацијата милениумци, родените од средината на 80-тите до раните 90-ти, е само една од карактеристиките што ги одбележуваат.

Тоа е последната генерација деца кои израснаа во добата пред интернетот и напредната технологија, а истовремено ја користеа нивната моќ во својот личен развој. Тие станаа работоспособни баш во периодот кога светот влезе во економска криза и мораа да се борат за работни места. Тоа со себе повлече многу други карактеристики: фриленс работа без фиксно работно време, работење повеќе работи истовремено, подолго останување во родителскиот дом, одложување на стапувањето во брак, заминување од родната земја… а сето тоа се одрази и на нивниот сексуален живот.

Оваа „секс рецесија“ ја потврди и едно истражување спроведено во САД во кое се покажа дека бројот на млади Американци кои пријавиле дека немале секс цела година е највисок досега.

Кружеа разни теории за тоа зошто е намалена сексуалната активност на оваа група млади луѓе – подемот на социјалните мрежи, напредокот на женската еманципација и погоре наведените „товари“ на генерацијата милениумци.

Откако во декември, 2018 година во The Atlantic беше објавен текст за така наречената „секс рецесија“, постои сѐ поголема загриженост за сексуалниот живот на милениумците, демографска група што го влече надолу нивото на сексуална активност на целата популација.Според податоците од General Social Survey, речиси еден од четворица млади луѓе во САД немале секс во текот на изминатата година. Од 2008 до 2018 година, бројот на Американци на возраст од 18 до 29 години кои рекле дека немаат активен сексуален живот бил двојно зголемен.

Сѐ повеќе млади луѓе во нивните 20-ти и 30-ти не живеат со партнер/ка (во брак или вонбрачно), па е сосема логично дека во такви услови, поретко имаат секс.

Покрај овој тренд, промената на културолошките норми исто така придонесува за „секс сушата“. Зголемената достапност на онлајн забава, вклучувајќи ги социјалните мрежи и стриминг платформите, играат улога во тоа како милениумците го поминуваат слободното време. Тоа значи дека дури и луѓето кои имаат партнери и го поминуваат времето заедно, одбираат да скролаат на Instagram или да гледаат серија на Netflix наместо да имаат секс.

Социјалните мрежи за дружење како Tinder краткорочно помагаат да се најде партнер, најчесто за секс, но тие врски премногу ретко се продлабочуваат и водат кон понатамошно намалување на социјалните вештини потребни за градење и одржување на квалитетна врска и партнерски однос.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *