Почетна / Занимливости / Селфи со мечка

Селфи со мечка

Љубопитно животно им пристапи на туристите и почна да ги мириса.Група планинари во Мексико успеаја да останат мирни, па дури и направија селфи со љубопитната мечка што им се приближуваше по патот. Необична средба со животното се случи на место популарно за планинарите. На видеото се гледа како жената стоела додека црната мечка и ’приоѓа, застанува на задните нозе и ја душка, јавува Дејли Меил.И двете жени кои стојат зад неа успеаја да останат мирни и да не се во паника, додека мечката ја „испитуваше“ нивната пријателка. Мечката потоа се спушта на земја и повторно се крева на задните нозе и продолжува да ја душка жената во пределот на косата. Во меѓувреме, жената реши да го искористи моментот и да направи селфи со животното кое е доста храбар чекор.Иако очекуваа мечката да ги нападне туристите, таа направи нешто неочекувано. Имено, мечката се враќа на четири нозе и полека ги напушта туристите, кои веднаш избегаа од таму. Шокантното видео беше споделено на социјалните мрежи и има гледаност со повеќе од два милиони луѓе . Најважно е дека никој не бил повреден за време на опасната средба со мечката.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *