Почетна / Црна хроника / Семејно насилство

Семејно насилство

37-годишна штипјанка побарала помош од полицијата. Барала спас од ќотек на  сопругот со кого невенчано живеела повеќе години.

Причините за насилството не се соопштуваат, но според исказот на жената, ова не било првпат таа дома да биде жртва на мажот насилник. Откако и покрај многу ветувања, нештата не се смениле, последниот случај таа го пријавила во полиција.

Случајот се расчистува, а жената за трајно да го реши проблемот, истиот веројатно ќе треба да го пријави и во Центарот за социјални работи . Дали тоа ќе го стори е неизвесно, зашто многу случаи на семејно насилство досега биле пријавувани во полиција, но потоа жртвите се откажале од понатамошната постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *