Радио Штип
Спорт

Се враќа кошарката кај девојките од Штип.

По низа години регистриран женски кошаркарски клуб.Клубот ќе се вика „ТИМ АРЕНА“ И синоќа се одржа првиот собир. На стартот се појавија 30 девојчиња од повеќе различни генерации. Бројот, вели нашиот соговорник, ќе се зголемува. Интересот меѓу младите за спортување е голем, само треба тие да се покренат , да видат нешто убаво и нема проблеми.
Вакви активности навистина заслужуваат голема почит, ако се знае дека во последните години штипските бизнисмени ги зафати некој егоизам и во спортот, со чесни исклучоци.. Иницијаторот, бизнисменот, за обновувањето на женската кошарка во Штип е скромен, не сака публицитет, но уверува дека градот под Исарот ќе се гордее и со штипската кошарка. Нема зошто да не му веруваме, кога тој и досега се докажа како фанатик, спортски работник и менаџер , кој го помага спортот и нормално ќе бара резултати.
Навистина, браво за иницијаторот и неговите пријатели . Тој самиот ја покрена иницијативата, а таа едногласно е прифатена Претседател на клубот е Маја Ашкилова, која заедно со Петре Петковски – РИЏИС ќе биде и тренер. Спортски директор е Снежана Георгиева, која ќе се памети како врвна кошаркарка, која на една средба во Првата лига на Македонија постигна 53 кошеви.
Посакуваме женската кошарка успешно да се вклопи во големото спортско семејство во Штип..

Слични Новости

Јунајтед имал подобар тим од Ливерпул

trajce jovanov

20 медалји за борачите на Балканец

trajce jovanov

Четири пехари за штипските спортски качувачи

trajce jovanov

Leave a Comment