Почетна / Бизнис / Се‘ посиромаси, место побогати

Се‘ посиромаси, место побогати

Статистичките пресметки покажуваат дека од вкупниот приход со кој располагаат сите македонски домаќинства, само 5,6 проценти е на сметките на најсиромашните една петтина жители на државата, а дури околу 40 проценти трошат една петтина од граѓаните кои се во групата најбогати.Во просек, македонските домаќинства за задоволување на потребите годишно имаат на располагање по околу шест илјади евра, или месечно по 500 евра. Но, најсиромашните 20 проценти годишно располагаат со три пати помалку пари од овој просек кој е земен од сите во државата, или со само 2.000 евра. Тоа значи дека треба да јадат, да платат сметки, да се облечат, да ја одржуваат личната хигиена и хигиената во домот, да се лекуваат, да патуваат, да се школуваат… со само 173 евра месечно, или со околу 10,5 илјади денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *