Почетна / Избор на Уредникот / Скок во смрт, поради кавга за Ковид 19

Скок во смрт, поради кавга за Ковид 19

Едно убиство и четири самоубиства бележи билтенот на полицијата откако почнаа рестриктивните мерки во државава поради коронавирусот. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е поврзан со ковид-19. Лицето како причина за самоубиството во последната  порака ја посочило расправијата со сопругата околу коронавирусот. Во истиот период регистрирани се  и девет обиди за самоубиство за кои досега не е утврдено дека се поврзани со вирусот. Од прекршоците, најголемиот дел или 55 отсто се регистрирани на подрачје на СВР Скопје, потоа во СВР Штип 16,6 отсто и СВР Куманово 10,8 отсто, додека во СВР Битола, СВР Велес и СВР Струмица не е регистриран ниту еден прекршок.Во делот на поплаките поднесени од лица против членови на нивното семејство, МВР бележи зголемување од 32 отсто, односно поднесени се вкупно 310 поплаки. Најголем број од поплаките се регистрирани на подрачје на СВР Битола 66, потоа на СВР Штип и СВР Велес 51. Во првиот месец од пандемијата, Скопје, Битола и Штип предничат во кривичните дела од имотниот криминал каде од 515 тешки кражби, во овие три града извршени се околу 400.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *