Радио Штип
Свет

Снег ги покри Хаваи

Зимско невреме ги погоди Хаваите вчера и денес и на островите им донесе силни ветришта, дожд, високи бранови, па дури и снег.Силните ветришта буткале дрвја и корнеле сообраќајни знаци од земјата. Поради откорнатите далноводи одделни делови од Хаваи останале бeз струја.

Си-ен-ен јавува дека снег паднал на Мауи, а според прогнозите се очекува и на некои други делови на островите.

„За првпат во историјата снег падна во националниот парк Полиполи. Полиполи е прекриен со снег. Никогаш во историјата не паднал снег на волку мала надморска височина“, соопшти американската Агенција за земјиште и природни ресурси.

Слични Новости

Поплави, крокодили, змии во Австралија

trajce jovanov

Толку многу пушел што државата му ги зела децата

trajce jovanov

Генетски модификувани луѓе шетаат меѓу нас

trajce jovanov

Leave a Comment