Почетна / Свет / Снимањето интимни делови е кривично дело во Германија

Снимањето интимни делови е кривично дело во Германија

Германија планира законски да забрани тајно фотографирање на интимни делови од телото, т.н. „апскртинг“, објави денеска германската министерка за правда, Кристин Ламбрехт.

Практикувањето„ апскртинг“, т.е. тајно фотографирање на интимни делови од телото под здолниште или фустан во моментот се третира како прекршок, а не како кривично дело.

„Ова не е доволно за активно да ги заштити погодените и да им стане јасно на сторителите дека овој вид однесување е целосно неприфатлив“, рече министерката за правда.

Законодавната иницијатива предвидува класифицирање на „апскртингот“ како сексуално вознемирување, казниво до две години затвор.

Исто така, ќе бидат гонети оние што ги доставуваат овие фотографии или снимки на трети страни преку интернет, без оглед дали се автори или не.

Онлајн петицијата од две девојки кои бараат построга казна како жртви на „апскртинг“, во меѓувреме ја потпишаа над 90.000 граѓани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *