Почетна / Бизнис / Со зачленување во НАТО и ЕУ, ќе се зголемат странските инвестиции

Со зачленување во НАТО и ЕУ, ќе се зголемат странските инвестиции

Влегувањето во ЕУ и Нато е потврдата за странските инвеститори дека Македонија е атрактивна земја за вложување, особено во штипската ТИР зона. Ова денеска, Елвин Хасан, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции, го истакна на работната средба со штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

„Очекуваме во наредниот период да дојдат нови инвестиции во нашата држава, исклучително и во градот Штип. Секако дека на инвеститорите и е важна сигурноста,а тоа ние ќе ја обезбедиме со НАТО и ЕУ интеграцијата на државата. Од друга страна, државата е тука да помогне со Законот за подршка на инвестициите, секако во интерес и на Владата и странските инвеститори, тие да работат кај нас и да остварат профит“, изјави Елвин Хасан – Министер без ресор

Близината на Штип со главниот град на земјава, скопскиот аеродром и автопатот Миладиновци – Штип, се дел од повеќето позитивни предиспозиции, што ја прават општината атрактивна за странските вложувачи.

„Со развојот и донесувањето на новиот ГУП, ние отвораме повеќе можности за инвестирање, но ТИР зоната е секогаш значајна и добредојдена за странските инвеститори, бидејќи таму има уште слободни парцели за градба на обекти на потенцијалните странски компании-инвеститори. Најважно од се е дека работната рака ја има, но поважен е фактот што при влегувањето на странскиот инвеститор вработеноста ќе се зголеми,а платите на работниците ќе бележат постојан раст“, оцени градоначалникот Благој Бочварски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *