Почетна / Свет / Со “Мерцедес“ влета на “Трамп плаза“.

Со “Мерцедес“ влета на “Трамп плаза“.

Црн „мерцедес бенц“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк тајмс“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговото семејство немаат стан во овој луксузен 40-катен станбен објект, но тој е во нивна сопственост.

Локалната мрежа Еј-би-си пренесува дека возачот, по влетувањето, излегол од својот „мерцедес“ и седнал на софата во главниот хол. Според полицијата, упадот бил несреќен случај во кој нема ништо сомнително.Застапникот за имотот на Трамп не бил достапен за коментар, но во електронска порака до Еј-би-си ѝ се заблагодарил на полицијата за брзата реакција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *