Почетна / Балкан / Со нож в срце, ја убил жена си.

Со нож в срце, ја убил жена си.

Драган Васиљковиќ, механичар од Бела Паланка, ја убил сопругата Тања ден пред нивниот официјален развод. После злосторството си пресудил и себеси.

Крвавата серија стравични насилства над жените во Србија е продолжена со свирепо убиство на 46-годишната Тања Васиљковиќ, која завчера во семејната куќа во Бела Паланка со нож ја убил нејзиниот 52-годишен сопруг Драган, кој потоа извршил самоубиство.

Како што пишуват српските медииуми, Драган на Тања ѝ забил нож во срцето, после што се обесил во домот.

Драган и Тања биле со години во брак, а пред извесно време таа го напуштила. Меѓутоа , тој никако не можел да се помири со нејзиното заминување, па ја молел да се врати. Патолошки бил врзан за неа, веле дека многу ја сака и не може да го замисли животот без неа. После долготрајно инсистирање, Тања одлучила да му се врати, да се обидат да го обноват бракот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *