Радио Штип
Избор на Уредникот Спорт

Спортот е зашрафен, има премногу функционери инвентарски броеви

Во многу спортски федерации со години раководат се е едни исти луѓе. Сите тие си обезбедиле „вечно“ владеење со спортските федерации, преку роднински, семејни врски, со инсталирање на свои претставници во органите и телата на власта, во судовите.Тие федерации нема кој да ги „чепне“.А со години немаат резултати . Имаат само лични интереси, заедно со своите „послушници“ Во никој случај не сакаат мирно предавање на власта . Затоа, искрените љубители на спортот кои сакаат да помогнат, се повлекуваат.Насилниците знаат како да ја сочуват спортската власт. Имаат воигран рецепт. А тој е – на сила да ја задржат власта .И секогаш да бидат во право. Само тие ја зборуваат вистината, се друго е лага. Тие можат се- да донесуваат одлуки, акти во секое време, во тесен круг, да ги кршат законите.само да ги задоволат своите болни апетите- по секоја цена да останат на чело..
Последните случувања во фудбалскиот спорт опоменуваат и предупредуваат. Луѓето кои раководат со ФФМ толку забегале, што и малите деца можат да проценат- какви луѓе го водат фудбалот во Македонија. По секоја цена се обидуваат да ги задржат функциите, омаловажувајќи ги инспекциските органи кои ги констатирале со аргументи девијантните појави и криминали. За нив се е лага, само тие се во право.Одеднаш заборавија како тие ја „освоија“ фудбалската власт, кога преку ноќ влегоа во удобните фотели.! Навистина, слатка е власта, но и горчлива.кога треба на вистината да и се погледне в очи .Да бидат подготвени и на порази!
Видовме, последните години што ни се случува во нашиот напатен фудбал. Речиси нема општински фудбалски лиги, ама има ОФС.Челниците на тие ОФС донеле такви неразумни и нелогични акти- за цела вечност да останат на тие места!?. А немаат матични клубови. Чудно е – како сето тоа се провлекувало во институциите на државата- Централниот регистер и др… Тие секогаш молчели, бидејќи на значајните места раководеле нивните истопмисленици, полтрони, па и најблиски роднини. Само да го земеме примерот во Штип. Сите членови на така наречениот општински фудбалски сојуз се или роднини, или браќа, братучеди. Но, има и такви кои се наоѓаат и во институциите на локалната власт, полицијата, членуваат во ОФС.. Си обезбедиле „вечност“.Тие можат се, па и изборното собрание да го одржат во Скопје, уникатен пример во светот како не треба да се работи во спортот. Но, тие сметаат секогаш дека се во право. Речиси сите делегати ја загубиле делегатската база, а раководат и натаму со фудбалот- од улицата!.Не се членови на ниту еден клуб, што е основно правило да се биде и делегат во највисокиот орган на ОФС и ФФМ.Затоа , не случајно „врие“ во сите општински фудбалски сојузи во Македонија. На Истокот, не е започнат пролетниот дел во Третата фудбалска лига, бидејќи делегатите од клубовите, кои не се членови на ОФС, констатирале криминални однесувања на лицата кои раководат со оваа лига. Тоа што не сакала да го утврди полицијата,или не смеела по нечиј диктат, го утврдиле претставниците на клубовите, Тие сфатиле дека нивните пари некој ги троши за други намени.
Агенцијата за спорт и млади излезе со соопштение. Инспекциските органи констатирале многу злоупотреби во работењето на ФФМ и тоа за еден подолг временски период. Но, за луѓето во ФФМ- тоа не е ништо. Тоа е лага? Велат, политиката се меша во спортот. А зошто е таа Агенција, да стои мирно и да гледа сеир што се случува? Луѓето во ФФМ сакаат и натаму да го шетаат светот. Имаат болни амбиции, да се видат со челниците на Манчестер, Реал, Барселона… да седат со нив и потоа со „сликичките“ да се фалат во јавноста,Нив не ги интересира што немаат база, што ја загубила довербата, Според нив, за тоа треба да се грижат нивните наредбодатели , А базата е основната клетка на се , не само во спортот..
Се ближи денот „Д“, недела . Челниците на ФФМ се сокрија. Бегаат од јавноста, сакаат во истиот делегатски состав да останат на власт. Тие, рековме, не признаваат ништо, Толку се самобендисани во функциите, па за нив би сториле се само да ги задржат- да не ги завземат вистинските спортисти. Сакаат и натаму да раководат без база, од улицата. Може ли некој да стави крај на оваа рашомонијада, невиден циркус ?

Штипски асови

Слични Новости

Влатко Костов разочаран се откажува од канидатурата за претседател на ФФМ

trajce jovanov

Меси кажа дека не бил направен пенал над него.

trajce jovanov

Гробари, мафија и банда без команда, не се плаши од АСМ.

trajce jovanov

Leave a Comment