Почетна / Балкан / Спречен стрелачки поход кон средношколец

Спречен стрелачки поход кон средношколец

Полнолетен маж од околината на Крањ е осомничен и приведен под сомнение дека подготвувал напад со оружје што го нарачал во САД преку „темната мрежа“ од одмазда, а тоа требало да дојде на неговата адреса во пакет скриен во микробранова печка, потврди во средата словенечката полиција, пренесе Хина.

Во соопштението за јавноста, полицијата наведе дека во тој случај, соработката на словенечките и американските безбедносни органи спречи реализација на „планирани убиства со оружје“, без откривање детали.

Оружјето е запленето во САД од страна на Американската служба за домашна безбедност, што спречи потенцијален напад со стрелање во Словенија, потврди полициската управа на Крањ на прес-конференција во попладневните часови.

Без откривање на идентитетот на осомничениот, полицијата изјави дека станува збор за лице кое досега не било во кривична или прекршочна постапка. Поради интересот за понатамошна истрага, оттаму не сакаа да ги потврдат тврдењата на медиумите дека станува збор за возрасно лице од областа на Крањ, средношколец со проблеми на училиште, по шпекулациите во печатот дека лицето подготвувало „стрелачки поход „слично на оние што често се случуваат во САД. Засега нема индиции дека повеќе лица биле вклучени во наводното планирање на вооружениот напад.

Американската служба за домашна безбедност открила пиштол „Глок“ и автоматско офанзивно оружје „Ремингтон“ со поврзани видови муниција во пакетот испратен во Словенија и ги известила словенечките безбедносни органи, кои потоа реагирале.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 900.000 лица се вакцинирани во Србија

Досега 901.946 лица се вакцинирани против коронавирус во Србија, додека 264.587 од нив ги примиле …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *