Почетна / Балкан / Српски тв водител, во студио мавташе со пиштол

Српски тв водител, во студио мавташе со пиштол

Во денешната утринска програма на српската телевизија „Хепи“, главниот уредник на оваа телевизија, Миомир Мариќ, држел пиштол марка „Застава М57“, попознат како „тетејац“.

Секако, тоа е реплика на овој пиштол, бидејќи нивни гости во студиото биле луѓе кои се занимаваат со изнајмување опрема за снимање филмови, кои се однесуваат на армијата, полицијата и слични сцени каде се користи оружје.

„Еве тетејац, сега сме вооружени. Шешељ еднаш покажа вистински пиштол во емисија“, рече Мариќ.

Водителката Катарина Корша вели дека ова се копии кои се слични на оригиналот, затоа што „вистинското оружје не можеше да влезе во студиото“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еди РАма победи на изборите во Албанија

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) во Албанија, Илирјан Целибаши денеска ги соопшти резултатите од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *