Почетна / Спорт / Стоилов ги бодрел Албанците кои играа за Македонија

Стоилов ги бодрел Албанците кои играа за Македонија

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, продолжува да се препукува со македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов, откако овој си замина од манифестацијата Спортист на годината кога во моментот се говореше на албански јазик.

Стоилов вчера беше фотографиран како од трибините се радува на головите со кои Македонија со 3-2 ја совлада Албанија во квалификацискиот натпревар во футсал, а пратеникот го потсети пикерот дека сите погодоци за црвено-жолтите биле постигнати од етнички Албанци во националниот дрес.

„Кажете му на Стоилов нека се радува и нека учи како се сака спортот и Македонија.
Трите гола против Албанија за победа од 3:2 ги постигнаа Албанци од Македонија.
П.С. Пак нека изигрува патриот и нека станува од манифестации кога се зборува на албански“, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *