Почетна / Бизнис / Стриминг платформите му враќаат мило за драго на Нетфликс

Стриминг платформите му враќаат мило за драго на Нетфликс

Нетфликс изврши револуција на „пазарот на забавата“. Со своите 150 милиони претплатници, оваа стриминг-платформа им ја одзеде публиката на традиционалните ТВ и медиумски гиганти. Сега тие го возвраќаат ударот, и тоа со истото оружје.

Најголем конкурент на Нетфликс повеќенаменската платформа Амазон со 100 милиони клиенти, а тука некаде е и Гугл со својот Јутјуб, којшто може да се пофали со над 1,3 милијарди корисници, но сепак, тие не плаќаат месечна претплата, како што е тоа случај со Нетфликс и Амазон.

И, додека употребата на стримингот е во постојан раст, класичната телевизија полека се повлекува и истиснува. Американците, на пр., и класичните ТВ-формати сѐ повеќе ги следат преку стриминг-сервисите. Американскиот медиумско-аналитички центар Рипортлинкер вредноста на стриминг-пазарот ја проценува на 125 милијарди долари. Само во САД претплатниците на стриминг-сервисите месечно трошат две милијарди долари.

Во Европа, користењето стриминг е послабо, но е во нагорна линија. Според германскиот јавен сервис АРД/ЗДФ, 60 отсто од германските граѓани, на пр., барем еднаш неделно користат стриминг.

Следствено, Дизни некои од следните свои проекти ќе ги почне во тој стрминг-формат, а тој чекор, според најавите ќе го следат и други продукциски куќи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *