Почетна / Избор на Уредникот / Студентски крводарителски акции

Студентски крводарителски акции

Хуманоста на испит во време на пандемија“ е хуманитарна акција која ја организира Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст заедно со Универзитетите во Македонија. Во оваа Акција се вклучува и Универзитетот „Гоце Делчев“ , со крводарителска акција и предавање за крводарителството.Огромна е важноста на крвта и крвните компоненти во лекувањето на најтешките пациенти, особено во услови на пандемија. Повеќето фирми, како и средните училишта и факултетите се префрлија на онлајн работење и учење, и навистина е многу тешко да се мотивираат крводарителите.Крводарителските акции ќе се одржат на 22 и 23 декември 2020 година во регионалните центри на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје од 9 до 18 часот, во Битола од 9 до 15 часот, Тетово од 9 до 15 часот, а во Кавадарци, Велес, Куманово, Струмица, Кочани, Струга, Охрид, Гостивар, Кичево, Приплеп и Гевтгелија во службите за трансфузиона медицина, на 21 и 24 декември од 9 до 15 часот. Што се однесува за Штип, крводарителската акција ќе се одржи на 22 и 23 декември, во просториите на Црвен крст Штип, од 9 до 15 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *