Почетна / Црна хроника / Тепачка пред кооперација

Тепачка пред кооперација

На 25.06.2020 во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 17.30 часот пред продавница во с.Двориште, беровско, бил нарушен јавниот ред и мир, при што Н.С.(32) физички го нападнал А.С.(30), двајцата од с.Двориште. Од страна на полициски службеници на Н.С му бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 12 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

 

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (25/26.06) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 29 прекршоци.

 

На 25.06.2020 околу 14.00 часот пред  банка на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип,  полициски службеници го лишиле од слобода С.И.(42) од Штип затоа што се обидел физички да нападне полициски службеник и го попречувал во извршување службени дејствија.   Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 25.06.2020 во 18.15 часот во СВР Штип, Д.Д.(28) од Штип пријавил дека на игралиште на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип бил физички нападнат од М.Ј.(61) од Штип. По комплетирање на случајот против М.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 25.06.2020 во 17.40 часот во Полициската станица Свети Николе, С.М.(24) од Куманово пријавила дека нејзиниот брат А.М.(19) од с.Дорфулија-Лозово од 22.06.2020 се оддалечил од домот и не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 25.06.2020 во 11.45 часот во Полициската станица Делчево, Ѓ.К.(68)  од Делчево пријавил дека на 24/25.06.2020 непознато  лице го оштетило ветробранското стакло на неговото патничко моторно возило „рено меган“, кое било паркирано  пред зграда на булевар „Македонија“ во Делчево. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи  Делчево.

На 26.06.2020 во 02.00 часот во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип  пријавила дека околу 01.00 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа. Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Ј. ќе биде  поднесена соодветна кривична пријава.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *