Почетна / Занимливости / Тејлор Свифт ја освои премијата на MTV.

Тејлор Свифт ја освои премијата на MTV.

Забележителната кариера на Миси Елиот, раперка, пејачка, текстописец, продуцент и танчерка, чии спотови го придвижија музичкиот свет во последните две децении, доби признание за својата креативност на Ем-ти-ви музичките и видеонагради за 2019 година, каде што Тејлор Свифт ја освои главната награда со својата геј-песна „You Need to Calm Down“.

Елиот (48) на синоќешната церемонија во центарот Пруденшал во Њуарк, во американската држава Њу Џерси, ја доби наградата „Мајкл Џексон видеовангард“.

– Работев напорно две децении и никогаш не мислев дека ќе застанам тука и дека ќе ја добијам оваа награда – рече Елиот.

Наградата ја посвети на танчарската заедница и рече дека нејзините музички видеоинспирации биле Џенет Џексон, Мадона, Питер Габриел и Баста Рајмс.

Тејлор Свифт ја освои наградата видео на годината со песната „You Need to Calm Down“, со која ја отвори вечерта на доделувањето на наградите, а подоцна ја испеа и баладата „Lover“, насловна песна од нејзиниот албум, објавен во петокот.

Во видеото, во кое Свифт ги повикува хомофобите и тие што ја мразат, се појавуваат повеќе познати ликови, меѓу кои Елен Деџенерис, Лаверн Кокс, Ру Пол и бендот „Квир Аја“ (Queer Eye).

Свифт синоќа освои три награди, со кои, заедно со Аријана Гранде и Били Ејлиш, имаше најмногу победи на вечерта.
Аријана Гранде е именувана за уметничка на годината, а Били Ејлиш е наградена за најдобра нова уметничка. Таа синоќа не присуствуваше на церемонијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *