Радио Штип
Свет

Толку многу пушел што државата му ги зела децата

Судот во Кордоба, Шпанија пресуди дека зависноста на еден татко од цигари е опасна по здравјето на неговите деца, поради што тој го загуби старателството врз нив.

Таткото го делел старателството врз двете деца на возраст од 10 и 13 години со својата поранешна сопруга од нивниот развод во 2017 година.

Но, децата се пожалиле дека мора да живеат „средина полна со чад“ во куќата на нивниот татко, се вели во пресудата.

„Во оваа ситуација, сакајќи да избегнеме здравствен ризик за малолетниците, очигледно е дека начинот на живот на таткото го става во опасност здравјето на неговите деца на неодговорен начин. Тој игнорира сè друго освен неговата зависност“, се вели во пресудата, во која се додавајќи дека не е логично децата да бидат на место кое инаку би претставувало ризик за јавноста.

Во 2011 година, Шпанија донесе закон со кој се забранува пушењето во затворени јавни простории, во близина на болници, училишта и игралишта.

Слични Новости

На деколтето му се закануваат со силување

trajce jovanov

Израел гради челична ограда

trajce jovanov

Санчез ќе има крвави раце, ако направи обид за пуч

trajce jovanov

Leave a Comment