Почетна / Свет / Трамп имал германска крв.Да се крстиш со двете раце…

Трамп имал германска крв.Да се крстиш со двете раце…

Германската канцеларка Ангела Меркел едвај додржа да не се насмее гласно на прес-конференцијата на која американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека наскоро ќе ја посети Германија и го истакна своето германско потекло.

Социјалната мрежа Твитер веднаш пламна со хаштагот #TrampNotWelcome откако Трамп кажа дека „наскоро“ ќе ја посети Германија, за време на вчерашна прес-конференција на самитот Г7 во француски Бијариц. Твитерџиите веднаш забележаа како вообичаено прибраната шефица на германската влада изреагира на изјавата на својот американски колега.

Ние ќе дојдеме… многу сме почестени од поканата и… вистина е… ќе дојдеме. Најверојатно набрзо“, кажа Трамп, на што Меркел се насмеа.

Откако успеа да си ја врати смиреноста, Меркел одговори дека „повеќе пати“ го поканила американскиот претседател. За време на конференцијата, Трамп ја нарече Меркел „брилијантна жена“ и ја опиша нивната средба како „мошне продуктивна“.Трамп сѐ уште нема отидено во официјална посета на Германија, појавувајќи се само на големи настани како самитот Г20, кој се одржа во Хамбург во 2017. Германското потекло што американскиот претседател го спомна се однесува на неговиот дедо, Фридрих, кој наводно бил роден во Германија и подоцна емигрирал во САД.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *