Почетна / Избор на Уредникот / Трета по ред “текстилијада“

Трета по ред “текстилијада“

Текстилијадата оваа година ќе се оддржи по трети пат од 11 до 13 октомври 2019 во Штип.
Насловот на овогодишната Текстил-и-јад-а 3 е: “Позитивни примери од регионот – синдикати, организации и институции здружени за подобри работнички права”

Истиот настан има за цел преку културата и уметноста да ја отвориме темата на локално и национално ниво, за склучување на партнерства за започнување на социјален дијалог за горливите теми кои не засегаат сите, најмногу младите и работниците/чките.

Настаните од социјален и уметнички карактер имаат за цел да поттикнат млади и работници да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните да им се прикаже на јавноста за потребата од подршка за подобрување на правата на работниците.

Настаните ќе ги мотивираат учесниците да излезат од рамките на сегашната пракса и за започнат да дејствуваат социјално, ангажирано и одговорно. Здружено и сложно да дејствуваме за потребните промени.

Некогаш работниците биле во центарот на културните случувања, а сега се оставени на маргините, културно и социјално отсечени.
Овој настан има за цел да ја врати културата и уметноста помеѓу работниците.

Оваа година настанот е осмислен да се прикажат позитивните примери на граѓанските организации од регионот и државите Косово, Албанија и Србија кои започнале процес на соработка заедно со тамошните синдикати и институции. Воедно, имаме регионален проблем со слабата синдикализација на работниците и непочитување на работничките права поради, како што велат работниците во нашата земја, изгубената доверба во зборот и институцијата синдикат и нивната функционалност.
Гости на овогодинешната Текстилијада  бидат шведските синдикати кои ќе дадат примери и искуства како да овозможиме вистинска заштита на работничките права на нивните работни места преку синдикално организирање на вработените.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *