Почетна / Занимливости / Троока змија пронајдена во Австралија

Троока змија пронајдена во Австралија

Службата за заштита на диви животни во Австралија објави фотографии од змија питон со три очи што била најдена на автопат во северниот дел на земјата.

Змијата која доби име Монти Пајтон (Monty Python) била младенче и починала само неколку недели откако била најдена во март годинава.

Експертите велат дека третото око, лоцирано на челото на змијата, најверојатно било природна мутација.

Змијата била најдена на автопат во близина на Хампти Ду, на 40 километри југоисточно од Дарвин.

мијата долга 40 сантиметри имала проблем со јадењето поради вродениот деформитет.

Рентген снимките на змијата покажале дека нема две глави, туку само уште еден очен отвор и функционално трето око.

Експертот за змии Брајан Фрај изјави дека мутациите се природен елемент на еволуцијата.

„Досега не сум видел змија со три очи. Имаме кобра со две глави во лабораторијата, но тоа е поинаков вид на мутација.“

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *